Отсуството од владиниот прес на три партии со четири пратеници во собранието го отвора прашањето дали владата на Ковачевски се соочува со губење на мнозинството во Парламентот. Од прес конференцијата во владата денеска отсуствуваа Горан Милевски од ЛДП и Маја Морачанин од ДОМ. Овие 2 партии имаат 3 пратеници во Собранието и ако решат да излезат од власта владата на Ковачевски е на ,,стаклени нозе”. Во салата покрај ДУИ, ДПА и други помали партии беа лидерот на НСДП Горан Мисовски и екс премиерот Љубчо Георгиевски. Предходно Трајанов изјави дека ќе бара да ги види двата предлози на Макрон за да донесе одлука.
Видео од пресот во владата