Friday, August 19, 2022
HomeЕстрадаЈасмина Мукаетова, македонската фолк барбика- еве од кој бизнис живее сега во...

Јасмина Мукаетова, македонската фолк барбика- еве од кој бизнис живее сега во Америка и што прави за Македонија

Јасмина Мукаетова ја нарекуваат фолк-барбика, и е една од најубавите наши пејачки од фолк сцената. Мукаетова со семејството долги години веќе не е во родната земја, таа од Македонија се пресели во Амрика и живее во Њу Џерси.

Има два сина, Дине и Зуко. Со сопругот со кого направија венчавка и во Лас Вегас потекнуваат од Кавадарци, но нивната љубов се роди во Америка додека таа беше на турнеја.

Во 2018 година, тие пак направија класична свадба, нзабава, и така македонската фолк-пејачка Јасмина Мукаетова и нејзиниот сопруг Трајче Ристевски прославија една деценија брак.

На веселбата во една позната винарија присуствуваа над 150 гости, меѓу кои и многу нејзини колеги со кои сега се гледа се’ поретко.

– Местото на живеење е само географска одредница, а животот во него е лична креација на содржини, детерминирани од персоналните одлуки, избори и афинитети.. Домот е таму каде што сме среќни и исполнети, а јас во изминатите 15 години живеам водржавата Њу Џерси.

Ми се допаѓа тоа што климата е многу слична со македонската, со исклучок на зголемента влажност во топлите месеци, така што од тој аспект на почетокот немав проблем со прилагодувањето.

Локацијата на местото каде што живеам е 30км до Њу Јорк, и убаво е чувството да се биде блиску до центарот на светските случувања“, раскажа во едно скорешно интервју за Женски магазин.

-Во почетокот имаше моменти на носталгија и жал што ги оставив кариерата, семејството и пријателите позади себе во Македонија. Сепак, многу брзо сфатив дека тагата може само да ме зароби во сопствениот очај и да ме осуди на интерност.

Затоа многу брзо почнав да се фокусирам на сопствениот потенцијал, амбициите и личните афинитети, од една страна и можностите, шансите и опциите што ги нуди ветената земја.

Вложив голем напор, време и енергија за да се етаблирам во системот на функционирање на земјата, во која сѐ баше ново и непознато, а тоа беше и уште поголем предизвик и мотив за да успеам да се реализирам во некоја друга димензија“, рекла Јасминка а потоа раскажала како се запознала со сопругот.

– Баш како приказна.Со сопругот потекнуваме од исто место, се познаваме речиси цел живот. На покана од управата на црквата СВ. Никола од Њу Џерси, бев ангажирана да настапувам во периодот на новогишните празници и на еден од настапите се појави тој.

Тука се пресретнаа нашите погледи на пола пат, а дружењето постепано се претвори во љубов. Се вратив во Македонија, продолжив со моите обврски,но мислите ми беа далеку.По две години се случи патувањето во еден правец.Се венчавме во куќата на цвеќето во Лас Вегас и започна нашата заедничка приказна.

Оваа наша убава пејачка, потоа коментирала за бизнисот од кој живее.

-Работиме со транспортна логистика, со покриеност на 50 држави. За мене беше предизвик да се инволвирам во сосема различна гранка. Бев љубопитна, амбициозно постапив во усвојувањето на знаењата и вештините и кога работата стана задовоство и пасија, тогаш знаев дека мојата дефинитивна определба е конечна.

Со текот на годините се усовршував и вложував напор за континуирано надградување и прогрес во работата. Неодамна ја комплетирав едукацијата со МБА- мастер за бизнис администрација и концентрација на човекови ресурси, на државниот универзитет William Paterson University“.

На децата им овозможив шанса првенствено преку едукација да ги запознаат основите на музичката теорија, а исто така, имаа можност да одберат инструмент.Се одлучија за пијано и виолина,но целата еуфорија траеше многу кратко. За жал, инструментите се претворија само во орнаменти кои го красат домот, толку од музиката, се префрлија на спорт. Жал ми е што кај децата препознавам талент и потенцијал, кој ќе остане латентен и нереализиран поради нивната незаинетереси-раност и недостаток на желба за посветеност кон музиката“, рекла таа.

Но, она што Јасминка ги учи своите деца е да ја сакаат Македонија и таа често на Фејсбук споделува фотографии од нив со знамињата на Македонија, сегашното и знамето со сонцето на Кутлеш.

Се во домот на Јасмина е во знаците на боите на Македонија, црвена и жолта, и иако е далеку, таа е се уште дома со срцето. Она што може да се забележи на нејзиниот Фејсбук профил е дека изгледа одлично, дури и подобро од порано.

 

 

 

 

 

 

 

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img