Friday, August 19, 2022
HomeСветЕУ подготвува итен план за преживување без рускиот гас

ЕУ подготвува итен план за преживување без рускиот гас

Европската комисија најави изработка на итен план чиј цел е да им помогне на земјите членки на Европската Унија да преживеат без руските енергенси. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен кажа денес дека станува збор за иницијатива со која продолжува планот на ЕУ да ја прекине зависноста од рускиот јаглен, гас и нафта и оди под рака со забрзувањето на развојот на обновливите извори на енергија.

„Подготвуваме итни планови за Европа“, кажа Фон дер Лаен во чешкиот град Литомишл, каде го одбележа почетокот на шестмесечното чешко претседателство со ЕУ.

„Цените не енергијата се високи и луѓето сосема оправдано очекуваат од нас да направиме нешто во врска со тоа“, кажа шефицата на ЕК.

Кажа дека планот, кој би требало да биде довршен до средината на јули, ќе биде фокусиран на две клучни точки: каде и како да се заштеди на енергенси „на паметен начин“ за да се намали потребата од руски гас и нафта и поддршка на земјите кои се најзависни од руските енергенси.

„Ни треба заеднички план кој ќе обезбеди енергијата односно гасот да оди таму каде што е најпотребен“, кажа Фон дер Лаен.

 

 

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img