Friday, August 19, 2022
HomeСпортРафаел Надал откри кој е неговиот најголем ривал во кариерата

Рафаел Надал откри кој е неговиот најголем ривал во кариерата

Рафаел Надал успеа навреме да се врати на тениските терени и игра во завидна форма на Вимблдон. Тој е еден од фаворитите, се очекува да се бори со Новак Ѓоковиќ за нов Грен слем трофеј. На турнирот годинава, првпат по 1999 година го нема Роџер Федерер, а Шпанецот зборуваше на оваа тема. „Бикот од Мајорка“ откри дека во Швајцарецот го гледа најголемиот ривал во својата кариера, иако со Ѓоковиќ има повеќе дуели и со него ќе се бори за врвот на листата трофеи.

„Негативна работа е што Федерер не игра, но тоа е животот. Времето оди, часовникот не запира. Мојот личен однос со Роџер секогаш беше одличен. Тој е мојот најголем ривал во кариерата. Толку имаме заедничко, тешко е да се опише, емоции, сите тие работи… Недостига на турнејата, на тенисот, на турнирите и навивалите. Не може да се сведе приказната само за Вимблдон, Федерер недостига на секој турнир“, кажа Надал.

Факт е дека Федерер не е дел од Вимблдон и тоа е хендикеп, но тој има рекордни осум титули и е најголем репрезент на турнирот.

 

 

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img