Големи области на најголемиот австралиски град Сиднеј се под вода како последица на обилните врнежи од дожд кои предизвика сериозни поплави во пониските подрачја.
Државната служба за вонредни ситуации на Нов Јужен Велс ги советуваше жителите на неколку области да се евакуираат, предупредувајќи ги дека врнежите нема да престанат до понеделник. Нивото на водата во некои подрачја достигна до еден и пол метар. Медиумите наведуваат дека во некои области на Сиднеј наврнало четири пати повеќе дожд од просекот за цел јули.
Австралиското биро за метеорологија предупреди дека нивоата на водата во регионот би можеле на пораснат барем онолку, колку што беа по големите поплави во март. Од таму додаваат и дека браната Варагамбa се излеала.
Метеорологот Џонатан Хау за „Еј-Би-Си“ изјави дека нивото на реката во селото Менангл, на околу 70 километри југозападно од Сиднеј, достигнало 16,5 метри, што е за само 30 сантиметри помалку од рекордот во април оваа година.