Friday, August 19, 2022
HomeМакедонијаЛевица: Го повикуваме македонскиот народ на сенароден отпор против оваа анти-народна и...

Левица: Го повикуваме македонскиот народ на сенароден отпор против оваа анти-народна и анти-државна власт!

Партијата Левица објави соопштение во кое го отфрла францускиот предлог и го повикува народот на сенароден отпор против антинародната власт.

Во соопштението се вели:

Францускиот предлог, којшто Владата првично го одби, за сега да биде прифатлив, ги содржи сите негаторски бугарски барања!

Прво, двете страни ќе се произнесат за македонскиот јазик по нивно видување – само за нас јазикот ќе биде македонски, додека Бугарија ќе ја афирмира својата позиција за македонскиот јазик како дијалект на бугарскиот јазик!

Второ, сите барања поврзани со историските прашања кои се содржат во Договорот за добрососедство од 2017 година, стануваат дел од преговарачката рамка – Бугарија ќе ја пишува македонската историја!

Трето, по заслуга на европските партнери, за прв пат се предвидува Бугарија, и другите земји-членки, да можат да ставаат вето на веќе затворени поглавја – ЕУ не става во лавиринт до конечно удоволување на сите апетити на соседите!

БУГАРИЈА ПРЕКУ ЕУ НАМЕТНУВА УЛТИМАТУМ ЗА НИШТЕЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И ИДЕНТИТЕТ!

Француската амбасадорка во Бугарија и министерката Генчовска денес со официјални изјави потврдија дека се работи за истиот предлог и дека нема никакви суштински измени во однос на бугарските барања.

Алармантна е и денешната изјава на министерот Бујар Османи, кој изјави дека, доколку Владата донесе одлука за одобрување на пакетот, тогаш тој можел веднаш да пристапи кон потпишување на протоколот со Република Бугарија. Ова укажува дека Владата на СДС и ДУИ, во духот на своето владеење на хибриден режим, целосно ќе го заобиколат Собранието и насилнички ќе ја спроведат бугараризацијата по сценариото за Преспанскиот Договор!

Не може ништо добро да произлезе од преговори со земја која не признава македонски народ, македонски јазик и македонско малцинство.

Не може ништо добро да произлезе од нерамноправни преговори во кои едната страна има можност да ја уценува другата.Ова го покажаа преговорите со Грција и Преспански договор.

Република Македонија, под уцена и заплашување неколку пати го менуваше Уставот, се откажа од малцинството во Грција, прифати референца и го смени државното знаме. Тоа сепак не беше доволно, па и покрај добиениот спор пред Меѓународниот суд на правдата, повторно бевме блокирани и уценувани, што доведе до прифаќање на Преспанскиот договор, со кој Македонија, менувајќи го Уставот го смени и уставното име и драстично ги загрози националните интереси и идентитетот на македонскиот народ. Сепак, според грчкото МНР, македонската нација и понатаму е „измислица на Тито“ – што значи нови блокади во идните преговори со ЕУ.

Идентичен е спорот со Бугарија. Со прифаќање на овој нацрт-Предлог, и со евентуалниот старт на преговорите, ние не добиваме ништо друго освен еден бесконечен пат до членство во ЕУ, во кој Бугарија има безброј можности повторно да нè блокира и уценува, дури не ги прифатиме сите неприфатливи услови и гледишта во однос на македонскиот народ, јазик и историја. Затоа и првото барање е да биде променет Уставот.

Со прифаќање на овој нацрт-Предлог се стимулират Бугарија и регионалните држави, да продолжат со нецивилизациски барања и напади на правото на македонскиот народ да ја одбере својата судбина!

Идеите за создавање на големи балкански држави на сметка на територијалниот интегритет на Македонија, се остаток од минатиот век – тие ја загрозуваат стабилноста и безбедноста на регионот, иако владините чиновници велат дека ова е во насока на нивно подобрување.

Натаму води и прифаќањето на шовинистичките уцени содржани во овој нацрт-Предлог, замаскирани во прогрес, кој ни се претставува како „неопходен“, за евроатлански интеграции на Македонија, и тоа мора веднаш да запре!

ЗАТОА ПОТРЕБНО Е КАТЕГОРИЧНО ОТФРЛАЊЕ НА ПРЕДЛОГОТ И ИТЕН ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ СО БУГАРИЈА ВЕДНАШ!

ГО ПОВИКУВАМЕ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ДА СЕ ПРИКЛУЧИ НА СЕНАРОДНИОТ ОТПОР ПРОТИВ ОВАА АНТИ-НАРОДНА И АНТИ-ДРЖАВНА ВЛАСТ!

 

 

 

 

 

 

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img