Friday, August 19, 2022
HomeМакедонијаПендаровски: Преку глава ми е од фесјбук-партиоти, големи мажиња…

Пендаровски: Преку глава ми е од фесјбук-партиоти, големи мажиња…

По состанокот за безбедност на кој се разгледувашe модифицираниот француски предлог за кревање на бугарското вето, претседателот Пендаровски во одговор на новинарско прашање ја коментираше објавата на лидерот на „Левица“, Димитар Апасиев.

Апасиев го опцу шефот на државата, Пендаровски, јавно на Фејсбук.

Претседателот Пендаровски рече дека тоа е изјава без преседан во современа Европа.

„Ви гарантирам дека избран пратеник во ниту еден европски парламент не пцуе починати родители на друг политичар. Тоа е крајно нечовечки“, изјави претседателот на државата Стево Пендаровски и рече дека неговата мајка е почината пред десетина години.

„Тој тип минатата година јавно ја пцуеше Радмила Шекеринска. Отприлика знам за каква креатура се работи, кој резон има. Меѓутоа, навистина не верував дека може да дојде во ситуација да ми пцуе починат родител. Тоа ми е лична болка. Мојата мајка е почината пред 10 години и беше крајно нечовечки, да ми пцуе гроб на почината мајка. Тоа е нешто што не се простува“, нагласи Пендаровски и го нарече Апасиев психопат.

„Преку глава ми е од таквите фесјбук-партиоти, големи мажиња, кои не’ туркаат во обратна насока од демократија и од фундаменталните вредности“, рече Пендаровски.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img