Запрашан дали за партијата којашто ја предводи би било прифатливо формирање на широка владина коалиција, претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат одговори:
„Јас сум за влада во којашто ќе имаме едно широко македонско национално единство. Бидејќи сега сме со влада во којашто има сѐ, само нема македонско единство. Имаме премиер којшто нема народен легитимитет. Имаме македонска, условно кажано, политичка партија којашто е малцински потчинет партнер, односно во заложништво на оние коишто вистински управуваат“, вели Мицкоски.