Friday, August 19, 2022
HomeЕстрадаКарлеуша се разведува по 14 години брак

Карлеуша се разведува по 14 години брак

По многубројните шпекулации за бракот на српската пејачка Јелена Карлеуша и екс фудбалерот Душко Тошиќ и разните афери кои поминаа низ медиумите, популарната пејачка реши да стави крај на сето тоа и да се огласи во врска со својот брак и љубовен живот, прв пат по речиси две години. Јелена го објави текстот на својот Инстаграм профил, и забрани коментари.

– Јас и Душко се договоривме заемно да го прекинеме нашиот брак по 14 години. За жал, Душко повеќе не се гледа себеси како дел од нашето семејство. Техничките правни работи ќе се решаваат со договор во наредниот период. Во овој тежок период за нашето семејство и децата, нема да молам за разбирање од медиумите бидејќи е залудно. Не очекувам човечност или разбирање од јавноста, само фалење и миење на устата со животот, на што сум навикнат… па ајде. Преживеав се, па ќе го сторам и ова. Животот продолжува. За да се спречат неточни натписи, целиот брачен имот беше пренесен на нашите деца, старателството на нашите деца ми припаѓа мене. Секоја напишана лага ќе резултира со тужба како и досега. Повеќе нема да се рекламирам на овој начин – напиша Јелена на својот Инстаграм профил.

Екс фудбалерот Душко Тошиќ се уште не се огласил, но се чека неговата реакција. Инаку шпекулациите дека Јелена и Душко ќе се разведат започнаа веднаш по скандалозната порно афера на Карлеуша со босанскиот фудбалер Врањеш.

 

 

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img