Friday, August 19, 2022
HomeМакедонијаЕкс претседателот Ѓорге Иванов упати јасна порака во врска со францускиот предлог

Екс претседателот Ѓорге Иванов упати јасна порака во врска со францускиот предлог

Како што е познато, Владата на Република Северна Македонија вчера на официјалната веб страна интегрално го објави предлогот на француското претседателство за дебл окирање на евроинтеграциите на земјава, најпрво со коалициските партнери. Веднаш по средбата со лидерите на партиите од владината коалиција, Францускиот предлог беше објавен и на веб-сајтот на Владата. Според власта овој предлог е солидна основа за градење став и во него се инкорпорирани сите наши барања и забелешки. Спротивно на тоа, опозицијата смета дека предлогот ги содржи сите бугарски барања и се приклучи на иницијативата за протест кој ќе се одржи вечер во 19 часот на платото пред Владата. Освен тоа, утре, на 3 јули 2022 година (недела) со почеток во 12:00 часот во Кабинетот на претседателот ќе се одржи седница на Советот за безбедност. На дневен ред на седницата ќе биде модифицираниот предлог на француското претседателство со ЕУ за почеток на пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија. Поранешниот шеф на државата, Ѓорге Иванов тукушто на својот Фејсбук профил го кажа својот став во врска со францускиот предлог и напиша:

„Како поранешен претседател, кој 10 години беше сведок и силен пр отивник на сите под ли игри за ра знебитувањето на Република Македонија, повикувам на отфрлање на францускиот предлог. Со вакво “решение” Република Македонија ќе биде втурната во правна, политичка и историска без дна. Македонскиот народ повторно е сведок на национално предавство. Човечкото достоинство и стекнатите права се црвените линии кои не смее да се преминат. За нив не се разговара и не се преговара. Непокорот е единствениот излез. Одбраната на Македонија е обврска на секој од нас. Да живее Република Македонија!“, посочи екс претседателот Иванов.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img