Sunday, March 7, 2021
Home Австралија Научниците тврдат дека лицата без симптоми на коронавирусот се 42 отсто помалку...

Научниците тврдат дека лицата без симптоми на коронавирусот се 42 отсто помалку заразни

Асимптоматските случаи на коронавирусот и натаму претставуваат енигма за научниците, но од универзитетот во австралискиот Голд Коуст дошле до заклучок дека лицата без симптоми имаат 42 отсто помала шанса да пренесат Ковид-19.

Како што пишува во истражувањето кое го водел Ојунгерел Бјамбасурен, истражувач од универзитетот Бонд во Голд Коуст, луѓето кои имаат коронавирус, но немаат симптоми, имаат значително помали шанси да ја пренесат заразата на друго лице.

Во мета-анализата која опфатила 13 студии и 21.708 случаи, пресметано е дека 17 отсто од пациентите немаат никакви симптоми на Ковид-19, додека во некои претходни студии се споменува дека оваа бројка може да достигне до 81 отсто, пренесува сајтот „Nature“.

Истражувачки тим од Женева се обидел да утврди колкава е заразноста помеѓу луѓето кои живеат во едно домаќинство.

Нивниот заклучок е дека лице без симптоми кое е позитивно на Ковид-19 има една четвртина помалку шанси да го пренесе коронавирусот во споредба со лице кое има симптоми.

„Доколку асимптоматските случаи навистина слабо го пренесуваат Ковид-19, тогаш тие не се никакви тајни преносители на вирусот. Тие не кашлаат, не киваат и веројатно не оставаат патогени на разни површини, како што тоа можат да го направат пациентите со симптоми“, вели Бјамбасурен.

Популарно

- Реклама -