9.8 C
Skopje
12.1 C
Melbourne
Saturday, 20 April, 2024
0
Дома Балкан Пронајдени големи количини злато во централна БиХ

Пронајдени големи количини злато во централна БиХ

Во околината на малата општина Језеро во централниот дел на Босна и Херцеговина, при испитувањата на работниците на Лајкос Балкан Металс пронајдени се значителни залихи на злато, соопшти босанската филијала на австралиската компанија која врши истражувања на повеќе локации. низ Босна и Херцеговина.

На локацијата Зекилова коса е откриено злато, а последните анализи направени во лабораториите потврдиле постоење на поголеми количества злато кое во некои делови содржи и до 4,89 грама злато на тон. Овие истраги, кои траат неколку месеци, опфатија површина од 1,2 квадратни километри, пренесува Хина. Во поглед на откривањето на златни наоѓалишта, се најавува проширување на истражувањата во северозападниот дел на локалитетот.

„Понатамошното следење на овие одлични резултати без сомнение е оправдано и очекуваме што поскоро да добиеме согласност од локалната самоуправа за продолжување на геолошките истражувања“, изјави извршниот директор на Лајкос Балкан Металс, Младен Лујиќ.
Воедно, тој посочи дека оваа компанија при истражувањето посветува посебно внимание на зачувувањето на животната средина. Оваа општина се наоѓа недалеку од Јајце во централниот дел на БиХ, на меѓуентитетската граница на Федерацијата БиХ и Република Српска.

Компанијата соопшти дека на почетокот на оваа година биле потврдени значителни наоѓалишта на злато.

Лајкос Металс Балкан од БиХ е во сопственост на австралиската компанија Лајкос Металс Лимитед, која врши ретки истражувања на рудата на четири локации во Босна и Херцеговина.

Melbourne
scattered clouds
12.1 ° C
14.7 °
9.6 °
89 %
2.6kmh
40 %
Sat
17 °
Sun
16 °
Mon
22 °
Tue
24 °
Wed
14 °
Поврзано
spot_imgspot_img

Популарно

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img