Абас: Промената на статусот на Ерусалим би го загрозила мировниот процес

Американското признание на Ерусалим како главен град на Израел би гo загрозило мировниoт процес, предупреди палестинскиот претседател Махмуд Абас..

„Секој американски чекор поврзан со признавањето на Ерусалим како главен град на Израел, или преместувањето на американската амбасада во Ерусалим, претставува закана за иднината на мировниот процес и е неприфатлив за Палестинците, Арапите и за меѓународната заедница,“ рече Абас обраќајќи ѝ се на групата арапски пратеници од Израел, пренесе Гардијан.

Абасовите коментари следеа откако американските официјални претставници објавија дека претседателот на САД Доналд Трамп размислува да го признае Ерусалим како главен град на Израел.

Зетот на Трамп и висок советник Џаред Кушнер, сепак, тврди дека Трамп се уште не одлучил дали ќе го признае Ерусалим како главен град на Израел, ниту дали ќе продолжи со преместувањето на американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим.

Кушнер тврди дека Трамп уште ги разгледува опциите што ги има.

Советникот на палестинскиот претседател Махмуд Абас ги предупреди САД да не го признаваат Ерусалим како главен град на Израел, наведувајќи дека ако Трамп тоа го стори тоа, тоа би значело „целосно уништување на мировниот процес“.

„Светот ќе ја плати цената за било каква промена во статусот на Ерусалим“, изјави Хабаш, во присуство на Абас.

Израел го смета Ерусалим за своја престолница, на што речиси целиот свет се спротивставува наведувајќи дека неговиот статус би требало да биде одреден во мировните преговори со Палестинците.

Палестинците на источниот дел на градот гледаат како сна вој иден главен град.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top