Абрамович го брка Конте!

Сопственикот на Челси, Роман Абрамович донел конечна одлука да ја прекине соработката со Антонио Конте..

Тоа нема да се случи веднаш, туку на крајот од сезоната без разлика на пласманот на “сините” во домашното првенство каде што ја брани титулата. На Абрамович, наводно, не му се допаѓа карактерот на Конте кој од секој проблем на клубот прави скандал и е во конфликт со голем број од играчите во тимот. Освен тоа, во прилог на Конте не му одат ни резултатите оваа сезона, а особено последниот дебакл од Рома со 0-3 во Лигата на шампионите.

Англиските медиуми откриваат дека еден од најголемите проблеми во односот меѓу Абрамович и Конте е премногу лесно испуштениот Диего Коста кој си замина од Челси поради конфликтот со менаџерот. Не е тајна дека шпанскиот репрезентативец беше еден од омилените фудбалери на сопственикот и не може да му прости за тој потег.

Многумина се сомневаат дека токму поради тоа Абрамович одлучил да го продаде и Немања Матиќ со цел да му врати на Конте.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top