Адел на концертот во Бризбан потврди дека се омажила тајно

Британската пејачка Адел на неодамнешниот концерт во австралиски Бризбан го потврдила она за што долго време нагаѓаа медиуми, односно дека тајно се омажила..

Пред да ја отпее еден од своите најпопуларни песни „Someone Like You“, на присутните во салата им потврдила дека таа и нејзиниот долгогодишен партнер Сајмон Конецки далеку од љубопитната јавност го кажале судбоносното „да“.

„Без оглед на тоа колку раскинот боли, без оглед на болката којашто притоа ве задушува… она чувство кога првпат ќе сфатите дека сте вљубени не се опишува. А јас сум зависна од тоа чувство. Но не мислам повеќе да минувам низ такво нешто бидејќи сум мажена жена. Го пронајдов својот човек“, изјавила Адел пред 60.000 обожаватели.

Адел е во врска Сајмон од 2011 година. Двојката го има четиригодишниот си Анџело.

Адел првпат е на турнеја по Австралија, а влезниците за нејзините концерти во сите поголеми градови се веќе распродадени.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top