Адеми: Ако треба ќе поднесам оставка

По критиките во јавноста во врска со распределбата на државните субвенции во културата, надлежниот министер Асаф Адеми, изјави дека политичката функција не му е света и дека е подготвен да поднесе оставка..

-За мене политичката функција апсолутно не е света. Доколку се бара моја политичка одговорност нема пропблем. Од првиот ден на функцијата се потурдив да бидам што потранспарентен. Отворив војна против корупцијата во Министерството за култура и во сите настапи  реков дека ќе се погрижам културата да биде еднаква за сите. Потранспарентна програма од оваа не знам дали некогаш имало. Комисиите, членовите на комисиите, едногласно одлучија и како што ми ги донесоа мене предлозите, јас одлучив врз основа на нив. Истите предлози беа десет пати проверени од вработените во Министерството и врз основа на тоа ставив потпис на финалното решение. За бодувањата решаваа докажани професионалци и сега целиот фокус е на мене, изјави Адеми.

Тој вели дека не е точно дека биле привилегирани Албанците, а се крателе пари за Македонците, но и дека нема да постапува под притисок на јавноста.

-Тоа апсолутно не е точно, но да се стави некој над законот, некој што секогаш земал пари од Министерсвото дека еве јас сум над сите и нема потреба да доставам кој било документ и дека тие ќе донесат одлука врз основа на притисоци од јавноста, јас тоа нема да го направам, вели Адеми.

Министерот смета дека се манипулира со јавноста дека тој креира национална политика. Рече дека е во постојан контакт со членовите на комисиите и со правната служба во Министерството, а решението го гледа во преиспитување на сите одлуки за апликациите кои што се одбиени.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top