Администрацијата на Трамп сака да произведе ново нуклеарно оружје

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп сака да произведе ново нуклеарно оружје, чија цел би било отстранување на заканите по европските сојузници на САД..

Според американските медиуми, приврзаниците на оваа идеја сметаат дека новото оружје би ја намалило можноста за нуклеарен конфликт, додека нејзините противници оценуваат дека тоа ќе предизвика спротивен ефект.

Аналитичарите проценуваат дека планот во основа ја реафирмира нуклеарната политика на претходниот американски претседател Барак Обама, вклучувајќи ја и идејата за замена на сите клучни елементи на нуклераниот арсенал на САД со нови и модернизација на оружјето во следните две децении.

Новиот план засега се уште не е одобрен од претседателот Трамп. 



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top