Aдвокат се понуди да го брани Игор Југ ако не добие амнестија

Ако Игор Југ не добие амнестија доброволно се јавувам да го бранам про боно, вели адвокатот Александар Тортевски..

Тој е еден од најгласните критичари на новиот закон за амнестија за дел од обвинетите за настаните од „крвавиот четврток“. 

На својот Твитер профил објави повеќе твитови на темата.

„Игор Југ има повеќе право да добие амнестија од пратениците. Тој не ја извршил задачата што организаторите му ја доделиле. Пратениците ги отвориле вратите со што во целост ја исполниле задачата добиена од организаторот на државниот удар“, стои во еден од твитовите. 

Игор Југ и Јане Ченто не сакаат амнестија, туку бараат судот да одлучува за нив, а не како што рекоа политичките елити. Југ на последното рочиште упати навреди кон пратеник на кој исто така му се суди. И претходно изјави во суд дека верувал во идеологија, но дека политичарите ги изневериле. 


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top