Адвокатите на Трамп: Опасно е да биде сменет претедателот

Адвокатите на американскиот претседател Доналд Трамп почнаа да ја изнесуваат одбраната на судењто за импичмент во Сенатот, тврдејќи дека обидот на демократите да го сменат претседателот ќе постави „многу, многу важен преседан во изборната година..

Лидерот на правниот тим, Пат Чиполоне, им порача на сенаторите дека на бирачите ќе им го ускратат правото своето мислење за Трамп да го искажат на претседателските избори на 3 ноември, доколку го прогласат за виновен и го сменат од должноста.

„Тие од вас бараат да направите нешто многу, многу големо, и би додал, многу, многу опасно. Ќе се покаже дека претседателот апсолутно не направил ништо лошо“ рекол Чиполоне.

Претставничкиот дом, каде мнозинство се демократите, минатиот месец изгласаа отповикување на Трамп, врз основа на обвиненијата дека ја злоупотребил службената положба со тоа што ја притиснал Украина да го истражи неговиот противкандидат на изборите Џо Бајден.

По втората точка од обвинението, Трамп контруирал конгресна истрага на тој случај, оневозможувајќи сведочење и прикривање докази. Трамп ги отфрли обвиненијата и целата постапка за импичмент ја опиша како измама.

Се очекува Сенатот да го ослободи, бидејќи за негово отповикување потребни се две третини гласови во домот во кој републиканците имаат мнозинство.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top