Ахмети: Да се молиме еден за друг и да го надминеме овој предизвик што поскоро

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети упати честитки за големиот празник Рамазан Бајрам со најискрени желби за прифатен пост и молитви, здравје, среќа и благосостојба во семејствата..

„Денешниот празник доаѓа по светиот месец на постење и претставува прослава на хуманоста, на подавање рака, на грижата, на обединувањето, солидарноста преку вербата во Бога.

Во овие тешки и непредвидливи времиња, да бидеме повнимателни и да се молиме еден за друг и за човештвото воопшто за да го надминеме овој предизвик што е можно поскоро и полесно, и да се вратиме заедно во нормалноста и животот каков што го знаеме и сакаме.

Посакувам овие празнични денови да ги поминете со своите најсакани, да се сакаме, почитуваме, грижиме и помагаме еден со друг рефлектирајќи кон општото добро со верба во Господ“, се вели во честитката.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top