Ахмети ги кани Касами, Села, Гаши и Тачи на средба на годишнина од Рамковниот договор

Состанокот симболично ќе се одржи на годишнината од Рамковниот договор..

Лидерот на ДУИ Али Ахмети ги покани на состанок лидерите  Африм Гаши – Алтернатива, Билал Касами – Беса, Зијадин Села – АА,  Мендух Тачи - ДПА во четврток во скопскиот хотел Парк. Како што се наведува во соопштението на ДУИ, поводот се одржаните парламентарни избори. Состанокот симболично ќе се одржи на годишнината од Рамковниот договор.

Неофицијално средбата ќе биде искористена за обезбедување на поголемо мнозинство во евентуална нова Влада во која ДУИ ќе биде главен албански партнер.  Засега ниту еден од лидерите на ја има прифатено ваквата покана.

„Ја добивме поканата. Ке донесеме одлука во претседателството и ќе ја информираме јавноста“, ни одговорија од БЕСА.

И од Алтернатива чекаат поканата да биде разгледена од партиските органи. Неизвесно е дали на средбата ќе се појават Тачи и Села. Досега од Алијанса ги одбиваа сите претходни постизборни обиди на ДУИ за соработка на албански партии, одлуката за новата средба ќе ја донесат вечерва.

Ахмети побара средба со албанските лидери само ден по информациите дека СДСМ и ДУИ се се поблиску до владин договор, а останува само спорно прашањето за премиерското место.

Веднаш по поканата лидерот на СДСМ Зоран Заев излезе со став дека состанокот на албанските лидери под водство на Ахмети го смета за притисок за прифаќање на условот – Албанец за премиер. Вели дека конечен договор со ДУИ нема.

„Во тек се сериозни разговори за обезбедување стабилно парламентарно мнозинство и кадри посветени на остварување на принципите на кои ќе функционира новата Влада. СДСМ ги продолжува сериозните разговори за формирање стабилно парламентарно мнозинство и за владина коалиција со полн, четиригодишен, стабилен мандат “, велат од СДСМ.

За ВМРО-ДПМНЕ Заев е тој го ги поттикнал како што велат етничките платформи.

Прифаќањето и занимавањето со разни платформи кои се со етнички предзнак беше и остана одлика на Зоран Заев, така што тој ќе продолжи да се занимата со тоа, како егзит карта за спас на сопствената кариера, додека животот и стандардот на граѓаните станува се полош. Што се однесува до идејата на други партии тоа е нивна легитимна работа. Принципите за коалицирање на ВМРО-ДПМНЕ се јавно објавени и претходно кажани, тоа се програмските определби за подобар живот и напредок на државата“, коментираат од партијата на Мицкоски. Информациите дека СДСМ е блиску до договор за влада велат треба да се земат со резерва.

Во меѓувреме, претседателот Стево Пендаровски очекува до петок некој од лидерите да му достави известување дека има обезбедно поддршка од најмалку 61 пратеник за да го додели мандатот за составување на Влада. Од кај Пендаровски велат дека уставниот рок тече независно што поранешниот претседател на Собранието и актуелен претседавач Талат Џафери се уште не испратил допис дека парламентот е конституиран. За шефот на државата битно е дека поминала верификацијата на пратеничките мандати.

Што ако до петок ни една партија не ја обезбеди потребната поддршка од кај Пендаровски одговараат:

Суштината на учеството на  изборите е некој од политичките субјекти да дојде во позиција да ја конституира власта, така што претседателот очекува во рокот од 10 дена од конституирање на Собранието да го додели  мандатот на кандидатот на партијата или партиите кои имаат мнозинство во Собранието“, вели Пенадровски.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top