Ахмети: Идејата за размена на пратеници меѓу Заев и Мицкоски е ризична, тогаш и ние ќе се обединиме

Лидерот на ДУИ Али Ахмети на ТВ 21 оцени дека идејата за размена на пратеници меѓу Зоран Заев и Христијан Мицкоски е ризична..

- И тоа не може да се случи, да си даваат пратеници…Јас ги слушам тие позајмици, тоа е пазар, но тоа не може да се случи бидејќи хегемонизмот е поразен, и на овие простори…Хегемонизмот е поразен, хегемонизмот ја уништи и Југославија – рече Ахмети.

Одговарајќи на прашањето што доколку македонскиот табор се обедини, тој рече:„И ние ќе се обединиме“.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top