АХМЕТИ ПОВИКА НА ДИЈАЛОГ: Каде заглавија СДСМ и ВМРО ДПМНЕ со Законот за СЈО?

Додека СДСМ и ВМРО ДПМНЕ се натегаат околу СЈО и новиот Закон, коалициониот партнер на власта, Али Ахмети повикува на дијалог..

Засега нема договор а СДСМ не отстапува за СЈО и по двата неуспешни обиди додека ВМРО ДПМНЕ постави услови и бара исполнување на неколку барања.

Познато е дека СДСМ не ја дава Катица Јанева, додека пак партијата на чие чело е Христијан Мицкоски да го предложи новиот државен јавен обвинител. 

Тие бараат СЈО да не функционира како посебно одделение во рамките на редовното јавно обвинителство, туку да биде дел од одделението за организиран криминал.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети пак упати апел до опозицијата, во корист на државата да не се повлекува од дијалогот.

Со новиот закон визијата е СЈО да продолжи да работи со петгодишен мандат на Специјалниот јавен обвинител, и јавни обвинители со неограничен мандат кои ќе се избираат по пат на оглас објавен од Советот на јавните обвинители. Исто така постапката за разрешување на Специјалниот јавен обвинител ја покренува Јавниот обвинител, а одлуката за разрешување ја носи Советот со мнозинство. Предводникот на СЈО ќе има и обврска да поднесува шестмесечни извештаји до Јавниот обвинител и Советот, како и за било каков напредок во преземената истрага. Зголемување во надлежностите на СЈО ќе има со тоа што се предвидува вклучување на гонење на кривични дела за кои се осомничени највисоките државни функционери, како Претседателот на државата, избрани или именувани функционери од страна на Собранието или Владата, амбасадори, градоначалници, одговорни лица во политичките партии, воени лица и други вршители на јавни функции.

Се поизвесно станува дека за судбината на законот за СЈО ќе одлучуваат осумтемина пратеници кои ВМРО ДПМНЕ им даде црвен картон а кои може да обезбедат двотретинско мнозинство или 80 пратеници „ЗА“.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top