Ахмети: Рамковниот договор ќе биде исполнет кога албанскиот ќе стане втор официјален јазик во Македонија

Рамковниот договор во Македонија целосно ќе биде исполнет кога албанскиот ќе стане втор официјален јазик во државата,.

Рамковниот договор во Македонија целосно ќе биде исполнет кога албанскиот ќе стане втор официјален јазик во државата, порачал вчера лидерот на ДУИ, Али Ахмети пред дипломатите од земјите-членки на Европската унија во Брисел во рамки на конференција организирана од невладината Центар за европски политики (ЦЕПС).

Ахмети, придружуван од вицепремиерот за евроинтеграции, Фатмир Бесими, порачал дека патот на Македонија кон ЕУ и НАТО има голема поддршка кај албанската заедница во нашата земја, но дека поради нерешениот спор за името, Македонија не може да напредува. Поради тоа, тој уште еднаш порачал дека е потребно да се најде компромис за ова прашање.




Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top