Ахмети: САД да помогнат во решавање на прашањето за името

Сега е време за решение и страните да седнат на маса со помош на меѓународната заедница, САД, Европската Унија и НАТО.

Политичката состојба во Македонија, евроинтеграциите , идните избори и изборниот закони биле теми на разговор на вчерашната средба на лидерот на ДУИ, Али Ахмети и американскиот амбасадор Пол Волерс. Тие се сретнаа во американската амбасада. Според извори од ДУИ, Волерс ја дал поддршката на САД за процесот на интеграција на Македонија во НАТО и ЕУ.

Ахмети истакнал дека САД се стратешки партнери на Македонија и регионот во напорите за евроатланските интеграции.Тој побарал американските власти да се вклучат директно и да помогнат во спорот со името.

„Сега е време за решение и страните да седнат на маса со помош на меѓународната заедница, САД, Европската Унија и НАТО“ нагласил Ахмети.

Ахмети на средбата го повторил и ставот за поддршка на консензуален кандидат за Претседател. Според лидерот на ДУИ, ваков претседател ќе биде прифатлив за сите граѓани од Македонија.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top