Ахмети се сретна со новата американска амбасадорка

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во амбасадата на САД се сретна со новата амбасадорка на Америка во Северна Македонија, Кејт Мари Брнс..

„Ахмети ѝ честиташе на Амбасадорката Брнс за новата должност, изразувајќи убедување дека успешната соработка со САД ќе продолжи и во иднина во насока на реализирање на нашите заеднички цели, Северна Македонија интегрирана во НАТО и ЕУ и со функсионална демократија. Соговорниците исто така разговараа и за заедничките достигнувања во насока на општествената кохезија, Договорите со Атина и Софија и патот кон НАТО и Европската Унија. Но, Ахмети истакна дека ни претстои уште многу работа, посебно во насока на владеењето на правото и реформите, вклучувајќи ги тука и одговорноста и отчетноста“, соопштија од ДУИ.

„Нашата земја чекори кон евроатланската интеграција и задолжително треба да ги исполни бараните стандарди, додека ДУИ ќе продолжи да биде партнер во реализација на реформите за доброто на нашите граѓани“, рекол Ахмети.

Ахмети истакнал дека сите достигнувања се заеднички и дека САД може да сметаат дека ДУИ ќе продолжи да биде искрен партнер.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top