Ахмети со желба Албанија наскоро да стане членка на ЕУ

Албанија да добие статус на земја кандидат за членство во Европската унија на декемврискиот самит на ЕУ“..

Во последно време Али Ахмети се наметнува како голем играч во регионот каде повеќе се грижи за тоа како да им погоди на соседните земји, а што се однесува на домашен терен иако полека губи популарност работи како да купи време да го дотурка својот мандат. Се гледа по делата дека е послушник од западот и секогаш стои на нивен сигнал било тоа за името на државата или нешто друго .

Албанскиот парламент вчера  ја  изгласа  новата влада на социјалистите на Еди Рама, кој ветува дека ќе ја забрза евроинтеграцијата на државата и ќе ја обнови економијата.

По тој повод лидерод на ДУИ Али Ахмети денеска испрати телеграма до новиот премиер на Албанија, Еди Рама. Во телеграмата Ахмети вели дека „доброто одвивање на овие избори во Албанија постави нови демократски стандарди кои што ќе и овозможат да добие статус на земја кандидат за членство во Европската унија на декемврискиот самит на ЕУ“. 

„Се надевам и истовремено сум убеден дека Албанија ќе добие датум за започнување на преговори со Европската унија следната година. Имам задоволство да ја изразам мојата готовност како и на сите нас при Демократската унија за интеграција за соработка за општото добро и олеснувањето за нашите граѓани во сите полиња. Упатувајќи ги моите изрази на почитување, ви посакувам успешна работа и ве уверувам дека во мене ќе пронајдете пријател и соработник во реализацијата на нашиот регионален заеднички проект за евроатлантска интеграција“, му напишал Ахмети на Рама.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top