Ахмети: За добро на државата е да имаме заеднички кандидат за претседател

ДУИ остава отворена врата за одлука за консензуален кандидат, изјави денеска лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Тој не верува дека ќе има и предвремени парламентарени избори заедно со претседателските..

-За добро на државата е да имаме заеднички кандидат и да се разговара со сите политички субјекти со цел да се постигне консензус. Останува отворено прашање и ќе одлучи раководството на ДУИ. 

-Јас не верувам дека ќе има предвремени парламентарни избори бидејќи треба Македонија има поважна агенда особено сега по затворање на важни прашања како преспански, охридски и договорот со Бугарија. 

-Разочаран сум од албанскиот опозициски блок бидејќи не сакаат да соработуваат во однос на престедателски кандидат – изјави Ахмети.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top