Ахмети за снимката со Заев: Не постои поголема навреда за Албанците

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во интервју на Тв21 изрази разочараност за новата аудиоснимка која денеска беше објавена на Јутјуб, а во која се слуша гласот на лидерот на СДСМ Зоран Заев..

„Не знам дали постои поголема навреда за Албанците од тоа тој да рече „ма остави ги Албанците тие се продаваат за пари“. Ова е навреда се до гробовите на Албанците. Дај боже да не е вистина“, рече Ахмети.

Претходно, Заев снимката ја нарече „срамна манипулација“ и  кажа и дека кога зборувал за „пазарот на гласови“ мислел на ДУИ, односно дека и тогаш и сега мисли дека „не вредат ни пет пари“.

Во интервјуто, Ахмети ја коментираше и реторитката на Заев против ДУИ и рече дека неговите и изјавите на дел од другите партии дека ДУИ треба да оди во опозиција биле насочени против Албанците.

„За мене е разочарувачки што се бара, не ДУИ да биде во опоциција, не е поентата ДУИ да од во опозиција, овие бараат Албанците да ги однесат во опозиција. Овие бараат се уште сонуваат Албанци дрвосечаси, се уште сакаат Албанци како собираат смет, а не да се на врвот на власта“, рече Ахмети.

Ахмети рече дека идниот премиер ќе биде Насер Зибери бидејќи како што, рече имал легитимно право. Тој вели дека идејата за Албанец премиер датира од 2009 година и дека не е поставена сега како услов за партиски поени.

„Сега беше вистинското време, одевме чекор по чекор, земајќи клучни и чувствителни позиции кои се однесуваат на државата. Министер за одбрана, министер за внатрешни работи, претседател на Уставен и Врховен суд, па се до претседателот на Собранието. Мојата загриженост е во тоа што, зошто толку многу се загрижени. Требаше да поздрават и да се радуваат“, рече Ахмети.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top