Аирлија нека е: Прва победа на Македонија на отворањето на едно ЕП во историјата!

Македонската ракометна репрезентација славеше над Словенија во првиот натпревар на Европското првенство со 25:24..

Македонија со триумф го отвори континенталниот шампионат, откако во загрепска „Арена“ беше совладана третата светска ракометна сила Словенија во драматичен натпревар.

Избраниците на Раул Гонзалез направија вистински подвиг, бидејќи ова е прва победа за Македонија на прв натпревар во историјата на Европските првенства.

На претходните континентални шампионати, во 1998, 2012, 2014 и 2016 Македонија доживуваше пораз на првиот натпревар, освен во 2012. година кога извлековме реми против Шведска.

Оваа победа има и уште една симболика, бидејќи кога последен пат ја совладавме Словенија, направивме огромен успех и го освоивме петтото место во Европа на ЕП во Србија 2012. година.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top