Ајверсон: Правите споредба на Леброн со Мајкл Џордан, дали се шегувате со мене?

Прославениот американски кошаркар и легенда на Филаделфија, Ален Ајверсон, во изјава дадена за медиумите, истакна дека Мајкл Џордан е далеку најдобар кошаркар на сите времиња во НБА лигата и околу тоа не треба да има дебата..

Ајверсон во својот текст кој го објави во медиумите „The Player Tribune“, даде свое мислење околу тоа кој е подобар, дали Леброн Џејмс или Мајкл Џордан.

„Мајкл засекогаш ќе остане најдобар на сите времиња. Ве молам, немојте да ме навредувате со било какви статистики, како да имате шанси да го промените моето мислење околу оваа споредба, тоа нема да се случи“.

„Јас го сакам Леброн, тој е добар кошаркар, но Мајки е Мајки. Леброн е во моментов веројатно најдобар играч во својата генерација, одличен татко и сопруг, пример кој треба да се следи, но луѓето прават споредба со него и црниот Исус, Мајкл Џордан, тоа не е можно“, констатира Ајверсон.

Ајверсон 11 пати дури играше на Ол Стар турнирите, четири пати беше најдобар стрелец во првенството.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top