Акционерите на „Тесла“ ќе гласаат дали Маск да остане на чело на компанијата

На годишниот состанок на управниот одбор на акционерите на „Тесла“, беше изгласан предлог за отстранување на Елон Маск од неговата позиција. Маск е еден од основачите на компанијата и сега е нејзин извршен директор..

Џинг Жао, кој има 12% од акциите, го дал предлогот. Тој тврди дека со задржување на позицијата на сопственик и извршен директор во моментот, Маск ја задржува компанијата повеќе отколку што ѝ помога, особено во време на криза како сега.

„Независен раководител на одбор на акционери е преовладувачка практика на меѓународните пазари, како што е во Обединетото Кралство. Веќе во САД некои од големите компании имаат независен директор на одборот. „Тесла“ не треба да биде исклучок од ова“, рече Жао.

Тој исто така додаде дека Маск е дел и од „Солар Сити“, како и „Спејс Екс“ и не може да се дефинира како независен менаџер. „Солар Сити“ е снабдувач на „Тесла“, специјализиран за производство и одржување на соларни системи. „Спејс Екс“ е приватно претпријатие за производство на вселенски летала и вселенски транспортни услуги, основано од Маск во 2002 година.

Одборот сепак побара од акционерите да гласаат против овој предлог и издаде изјава, повикувајќи за лојалност кон Маск: „Управниот одбор верува дека успехот на компанијата досега не би бил можен, доколку одборот беше предводен од друг директор, кој ја нема гледната точка на Елон Маск за бизнисот на компанијата“.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top