Аки Ракимовски ја изненади хрватската публика со македонски народни песни

Легендарниот пејачки фронтмен на групата „Парни ваљак“, Аки Ракимовски, имаше свое учество во новата забавно музичка емисија „А страна“ а она што ја изненади публиката беше неговата изведба на неколку македонски народни песни..

“Зошто си ме мајко родила”, “Битола мој роден крај” и “Како што е таа чаша” одамна не биле така добро отпеани, беа дел од изведбата на Аки во новото забавно шоу кое од сабота на 25-ти марти ќе се емитува на првата програма на Хрватската радио телевизија.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top