Ако го загуби Гризман - Чоло ќе донесе страшен голгетер и ќе створи нов, страшен тандем

Атлетико Мадрид е свесен дека тешко ќе може да го задржи во своите редови ова лето Антоан Гризман, играч за кој Барселона е сериозно загреана..

Но при една таква ситуација и евентуално заминување на Гризман од Мадрид, Диего Симеоне подготвува соодветна замена за францускиот фудбал.

Шпанските медиуми сега брифираат дека Чоло како замена за Гризман го пикирал Единсон Кавани од Пари Сен Жермен, со кој веќе разговарал и имал прелиминарни најави дека Уругваецот може да пристигне на „Ванда Метрополитано“ ова лето.

Кавани е веќе неколку сезони желба на Чоло, па доколку Барселона ова лето излезе со кеш на површина и ги плати бараните 100 милиони евра за Гризман, Кавани сигурно дека ќе се пресели во Атлетико Мадрид, каде со Диего Коста би правеле совршен тандем.

Токму ваков тандем Диего Симеоне посакувал уште пред Диего Коста да биде продаден во Челси, но поради други околности тоа не му се остварило, па можеби сега ќе има шанса за тоа.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top