Ако има препорака за евакуација, македонските државјани во Флорида да се евакуираат во најкус можен рок

Македонскиот амбасадор во Вашингтон, Васко Наумовски, денеска преку својот фејсбук профил ги повика македонските државјани во Флорида, доколку има препорака или наредба за евакуација, да се евакуираат во најкус можен рок..

„Ураганот "Ирма" се очекува да ја погоди сојузната држава Флорида веќе во сабота. Ги молиме сите македонски државјани кои живеат во регионите за кои е најавено дека ќе бидат најсилно погодени од ураганот да ги следат насоките на локалните власти, и доколку постои препорака или наредба за евакуација, да се евакуираат во најкраток можен рок. Откако ураганот ќе пристигне, екипите за помош нема да бидат во можност веднаш да ви помогнат.

Доколку престојувате во засолништата управувани од FEMA или друга државна агенција, ве молиме известете ги надлежните во соодветното засолниште дека сте македонски државјани, со цел да добиеме конкретни податоци за вашата состојба.

Телефонскиот број за итни случаи за ураганот "Ирма" е:

1-800-342-3557

Со цел да го лоцирате најблиското засолниште до вашата местоположба, испратете смс порака со содржина "shelter" и вашиот поштенски број (zip code) на тел. број:

4-F-E-M-A или 4-3-3-6-2

Повеќе информации за засолништата, подготовките, препораките, достапното сместување и последните проекции за движењето на ураганот може да се најдат на:

http://www.floridadisaster.org“, се наведува во информацијата за македонските државјани во Флорида.

Во неа се наведени контакт телефонските броеви во македонската амбасада во Вашингтон: 202-390-7418 (мобилен - 24 часа) и 202-667-0501 (фиксен)



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top