Ако Корбин стане премиер, најбогатите Британци се спремни да се преселат

Најбогатите луѓе во Британија се спремни веднаш да ја напуштат земјата, во случај Џереми Корбин да стане премиер, стравувајќи од можна промена на даночната политика и контрола на капиталот, пренесува Гардијан..

Адвокатите и сметководителите на најбогатите британски семејства кажале дека биле „преплавени“ со повици од милијардерите и милионерите кои барале помош и совети во изборот на земји за селидба, наведува британскиот весник.

Истовремено, го преместуваат капиталот во странство и со децата склучуваат договори за подароци, за да го избегнат ветувањето на лабуристите дека ќе го оданочуваат наследството чија вредност надминува 125.000 фунти.

Советниците наведуваат дека потенцијалната влада на Корбин претставува поголема закана по богатството и животниот стандард на едниот процент најбогати отколку брегзитот.

Џефри Тод, партнер во адвокатската компанија Будл Хетфилд велид ека многу од неговите клиенти веќе подготвиле план за префрлање на богатството од земјата во рок од неколку минути, доколку Корбин биде избран за премиер.

„Многу богати луѓе се загрижени поради тоа што би морале да платат многу поголем данок на богатството и веќе се подготвени за можноста Корбин да состави влада. Трансферите на богатствата се веќе смислени – во голем број случаи недостига само потпис на документот“, наведува Тод.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top