Ако не го смениме Уставот до крајот на годинава, договорот со Грција пропаѓа?

Според Договорот меѓе Македонија и Грција, чија целосна верзија на англиски јазик вечерва ја објави грчки Катимерини, уставните измени треба да бидат завршени до крајот на 2018 година..

Оттука, се наметнува прашањето како до крајот на годинава ќе се усвојат уставните измени, кога ВМРО-ДПМНЕ е далеку од прифаќање на овој договор, а за менување на Уставот е потребно двотретинско мнозинство.

Договорот со стапувањето на сила предвидува и дека Македонија ќе го употребува новото име и термините во сите нови официјални документи, кореспонденција и во сите релеванти материјали.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top