Aко не успеат со Солари - Реал веќе има опција, Лев сам се нуди

Селекторот на германската репрезентација Јоаким Лев, тврди дека неговото време истекува пополека и дека е време можеби за нов предизвик..

Тој беше отворен и зборуваше за можен премин во некој европски фудбалски клуб во иднина.

Овој тренер не криеше дека посакува да биде предводник на „кралевите“.

„Реал Мадрид би бил навистина интересен клуб за мене како тренер, но и за сите останати тренери кои бараат предизвик, би било интересно тоа“, порача Лев.

Неговиот договор со германската репрезентација истекува во 2020 година, но се поизвесно е дека ќе дојде до прекин на соработката меѓу него и федерацијата на Германија.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top