Ал Шабаб се закани дека ќе ги ликвидира заложниците во Најроби

Сомалиската исламистичка група Ал Шабаб денеска се закани дека ќе ги убие заложницита кои ги држи во трговскиот центар „Вестгејт мол“ во кенискиот главен град Најроби..

Ал Шабаб тврди дека е во контакт со своите припадници, кои се забарикадирани во „Вестгејт мол“ и дека засега држат неутврден број заложници. 

Кениските сили за бебедност утринава преземаа нов напад врз исламистите во „Вестгејт мол“, од каде се слушаше интензивна престрелка во траење од околу 15 минути, а потоа одекнаа и три експлозии.

Во текот на ноќта кениската армија соопшти дека ги изолирала напаѓачите, кои се уште држат „не повеќе од 10 заложници“.

Тој истакна дека не може да го прецизира точниот рок за завршување на спасувачката операција на безбедносните сили, кои се поддржани од израелски експерти за антитероризам.

Повеќето заложници биле ослободени од кениските сили, кои го контролираат поголемиот дел од зградата на трговскиот центар. Во операцијата за прекин на опсадата биле повредени четворица војници.

Според најновите податоци на кенискиот Црвен крст, од почетокот на нападот врз шопинг центарот во саботата загинале најмалку 68 лица.  



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top