Албанија прифати 6.000 ирански муџахедини на барање од САД

Институтот за статистика на Албанија (ИНСТАТ) објави дека во 2018 година во земјата имало вкупно 14.162 странски државјани со дозвола за престој..

Бројката бележи зголемување за 9,7 отсто споредено со претходната година,кога во Албаниија со дозвола за престој живееле 12.900 државјани на друга земја.

Од вкупната бројка дури 6.000 се Иранци, припадници на заедницата на муџахедните, кои во Албанија пристигнаа откако албанската Влада го прифати барањето на САД.

Трета година по ред, според бројот на апликации и добиени дозволи за престој на прво место се ирански државјани-муџахедини.

Минатата година имало над девет илјади апликации од странци за дозвола за престој во Албанија.

-Во текот на минатата година, 2.223 ирански државјани аплицираа за дозвола за престој во Албанија. На второ место се Италијанците со 1.709 апликации, по што следуваат Косовците со 996 апликации. Турците и Американците се на четврто, односно петто место, со 875 и 350 апликации за дозволи за престој, а останатите се државјани на други земји,потврдува ИНСТАТ.

Странците со дозвола за престој во Албанија претставуваат 0,5 проценти од постојаните жители на земјата.

Албанија лани се соочи и со рапиден раст на бројот на баратели на азил. Околу 4.400 странски државјани поднеле барање за азил , што е за 14-пати повеќе споредено со претходната година. Барателите на азил во Албанија доаѓаат главно од Сирија, Пакистан и Ирак.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top