АЛБАНИЈА УШТЕ СЕ ТРЕСЕ: Нов земјотрес, почувствуван до Црна Гора

Нов земјотрес е регистриран во Албанија со магнитуда од 4,2 степени по Рихтер, а се почувствувал и во Црна Гора..

Земјотресот го регистрирал Сеизмолошкиот завод на Црна Гора 15 минути по полноќ, а епицентарот бил јужно од Медова.

Овој потрес бил со средна сила, а хипоцентарот бил на длабочина од осум километри. Земјотресот можел да предизвика само помала материјална штета во епицентралното подрачје.

Пред десетина дена Драч и Тирана беа силно погодени од земјотрес при што настрадаа 52 лица.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top