Албанското собрание ја изгласа програмата на владата „Рама 2“

Собранието на Албанија дури денеска утрово по широката дебата со мнозинство гласови ја изгласа Програмата на Владата „Рама 2“..

За Програмата на новата влада на премиерот Еди Рама гласаа 78 пратеници, додека 51 беа против.

Премиерот Рама нагласи дека интеграцијата на земјата во ЕУ , борбата против корупцијата, реформите во судството и борбата против производството и шверцот со дрога се основи на новата влада.

Опозицијата го обвини премиерот Рама дека во првиот мандат неговата влада потфрли во целост бидејќи во земјата владејат криминалот и корупцијата, а владата ги помага производството и шверцот со дрога.

Инаку, новата влада има 14 министерства наместо 21, а премиерот нагласува дека со намалување на бројот на министерствата ќе се намалат и трошоците во Владата.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top