Алексис Санчес удри по „специјалниот“: Мурињо е виновен!

Чилеанскиот репрезентативец Алексис Санчес остро го нападна Жозе Мурињо за неговиот пад во формата додека заедно работеа во тимот на Манчестер Јунајтед..

Напаѓачот постигна само пет гола и оствари девет асистенции на 45 натпревари за премиерлигашот откако во јануари 2018 година се пресели на Олд Трафорд од Арсенал. Но, не е многу подобар ни во Интер каде е позајмен оваа сезона, а каде има само еден гол и три асистенции на 16 настапи.

„Мурињо е еден од најдобрите тренери во светот по начинот на кој ги анализира противниците, тренерите и фудбалерите. Но, понекогаш заборава на својот тим и своите играчи. Имаше периоди кога не играв, па играв, па пак не играв и нормално е тоа што ја загубив самодовербата. И атмосферата во тимот не е ништо подобра“, открива Санчес.

Ова лето треба да се знае неговата судбина, односно дали ќе се врати во Јунајтед или Интер ќе го откупи договорот.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top