АЛИ АХМЕТИ, НИЕ, ИМЕ СИ ИМАМЕ.

Фејсбук статус на Јове Кекеновски.

Ахмети за грчките медиуми: ,,Ние сме земја без име, ПЈРМ е само привремено”
Оваа изјава на Ахмети ја одмолчеа и СДСМ и ДПМНЕ. 

Бидејќи и едните и другите ја купуваат милоста на ДУИ и Ахмети, еве јас јавно да го прашам Ахмети?

• На чија држава, тој е државјанин?
• Има ли име таа држава?
• Со чиј пасош Ахмети патува по светот?
• Која држава ја претставува тој?
• Во кој Парламент, ги претставува своите избраници?

Али, ние, име си имаме. Привременото име во ОН е за друга намена.

П.С Ако свесно ова го одмолчеа политичките партии, мислам дека мораше да реагира кабинетот на Претседателот на државата. Ова е сериозно прашање и гаф (без разлика дали е свесен или несвесен) кој не смееше да го одмочли никој.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top