Алијанса за Албанците: Да се истражат и случаи поврзани со функционери на ДУИ

Соопштение на Алијансата за Албанците..

По проширувањето на случајот „Рекет“ и приведувањето на специјалната обвинителка, Катица Јанева, со свој став излезе и партијата Алијанса за Албанците.

Во неа се вели:

„Ја поздравуваме одлуката за целосно истражување на случајот„ Рекет“ со испраќање на обвинителна клупа на сите одговорни за овој скандал, вклучително и обвинителката Катица Јанева. Ги повикуваме надлежните правосудни институции да ги истражат сите други отворени случаи во кои дел се и функционери на ДУИ, почнувајќи од случајот „Маѓар Телеком“, „Титаник 3 и аферата во Фондот за пензиско инвалидско осигурување“ – се вели во реакцијата на Алијанса за Албанците.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top