Амбасадата на САД предупредува: постои ризик од терористички напад

Постои зголемен ризик од терористички напад на територијата на Република Северна Македонија, објави американската амбасада во Скопје..

„Терористички организации и поединци инспирирани од екстремистичка идеологија имаат намера за напад врз цивили, вклучувајќи и државјани на САД во странство“, се вели во соопштението на амбасадата и се додава дека терористите при нападите се почесто користат пиштоли, возила и остри предмети.

Оттука апелираат до граѓаните на САД да бидат претпазливи. Велат дека екстреметите, повеќе се стремат кон напади врз објекти кои се „меки цели“, какви што се трговските центри, пазарите, аеродромите, хотелите, клубовите, рестораните, верските објекти, училиштата, парковите и јавните настани.

Претходно, Министерството за внатрешни работи соопшти дека спровеле оперативно тактички мерки и претрсеси на неколку локации поради планови за извршување на терористички напад од страна на поддржувачи на ИСИС. Дојавата стигнала од партнерска земја.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top