Амди Бајрам се смета за поискусен политичар од Мицкоски

Зоран Заев има големо срце, а Христијан Мицкоски нема искуство во политиката. Ова е ставот на лидерот на СРМ Амди Бајрам кој ќе се трка за претседателската фотелја..

За разлика од Груевски, Заев е покомуникативен, тврди Амди кој вели дека со премиерот досега се сретнал неколку пати и верува дека за Ромите во државата ќе создаде подобри услови за живот.

Во интервју за ТВ 24 Амди кажа дека е сериозен во намерата да се кандидира за претседател а веќе и влезе во изборна кампања.

Меѓудругото Бајрам позитивно го оцени и потпишаниот протокол за членство на Македонија во НАТО. Тој смета дека со тоа ќе се отворат мног врати за Македонија и ќе се создадат нови инвестиции.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top