Америка ја предупреди Атина дека помагањето на ирански танкер може да има последици

Еден американски официјален претставник изјави дека танкерот со нафта ѝ помага на Исламската револуционерна гарда, која САД ја означија како терористичка организација..

САД јасно ѝ ставија до знаење на атинската влада дека сите напори да му помогнат на иранскиот танкер, кој плови по грчките води откако е ослободен во Гибралтар, ќе значи поддршка за оние што САД ги смета за терористи и дека би можело да има потенцијално кривични последици.

Ова го изјави официјален претставник на Стејт департментот, кој рече дека Соединетите Држави ја пренеле својата „силна позиција“ на атинската влада во однос на иранскиот танкер ,за кој Вашингтон тврди дека носи нафта за Сирија.

Танкерот „Адријан Дарија 1“ замина од пристаништето Гибралтар доцна во неделата и податоците за следење на бродот покажуваат дека тој пловел кон Каламата во Грција.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top