Американците го започнаа процесот на повлекување од Сирија

Коалицијата против исламската држава предводена од САД започна процес на повлекување од Сирија, изјави денес портпаролот на коалицијата..

Полковникот Шон Рајан рече дека поради оперативна безбедност, нема да изнесува детали за „времето, локациите или движењето на војниците“, пренесе Ројтерс.

Сириската опсерваторија за човекови права, со седиште во Британија, објави дека повлекувањето започнало минатата ноќ.

Обсерваторијата соопшти дека конвој од 10 оклопни возила, како и неколку камиони, преминал од Рмеилан, град во североисточниот дел на Сирија, во Ирак, пренесе Ју-ес-еј тудеј.

Во Сирија има околу 2.000 американски војници.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top