Американците преброиле: Русија има повеќе тенкови од сите држави на НАТО заедно

Русија располага со најброен парк на оклопни возила на светот. Таа има повеќе тенкови од сите држави членки на НАТО заедно, пишува американскиот весник "We are the Mighty", повикувајќи се на сајтот "Global Firepower"..

Во московскиот арсенал, како што се наведува во статијата, се наоѓаат околу 22.000 тенкови, додека во европските држави кои се дел од НАТО има нешто повеќе од 11.000. Заедно со САД и Канада бројот на тенкови изнесува 18.000.

Меѓу државите на НАТО најмногу од тие оклопни возила има Турција - 3.200.

Претходно претставник на Здружениот комитет на началникот на американскиот штаб Џозеф Данфорд, изјавил дека последните години НАТО ја губи воената превласт над Русија. Тој рекол дека министрите за одбрана на земјите на НАТО признаваат дека Русија е конкурент во воената сфера и дека предноста на НАТО над неа исчезнала.

Познатиот воен експерт Игор Коротченко нагласил, коментирајќи ја изјавата на Данфорд, дека таквото признавање докажува дкеа парите кои се вложени во воената сфера не се залудно потрошени.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top